Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Варошлија: Камчева ми беше клиентка, а со Милевски и Боки често одевме на ручеци

0
By Нова ТВ on March 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 3, 2020 13:30

Модниот стилист Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика, Марија Јанковска и сопственикот на галерија, Алекс Кртов, денеска сведочеа на судењето за случајот „Рекет“ за познанството со обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и неговиот стил на живот. Варошлија, кој сведочеше трет, рече дека со Бојан Јовановски се познава повеќе од 15 години со кого има соработувано и дружено.

„Често патувајќи среќаваше многу познати луѓе од модниот бизнис. Поради својата различност и често беше канет на разни ревии и промоции. Често му подаруваа парчиња облека зашто го сметаа за инфлуенсен балкански лик“, изјави Варошлија.
По отворањето на „1ТВ“ рече дека бил вработен како заштитно лице.
„Прво имав авторски договор, а потоа бев вработен. Добивав плата на сметка“, рече Варошлија.
Ана Камчева му била клиентка, а Зоран Милевски, најпрво го знаел од град, а потоа и интензивно кога почнал да се дружи со Јовановски.
„Доаѓаше во „1ТВ“ и дома кај Бојан Јовановски. Често одевме на ручеци и вечери. Еднаш има дојдено во телевизијата со Ана Камчева“, рече Варошлија.
Еднаш, посочи Варошлија, бил поканет на ручек во ресторан од Бојан Јовановски на кој била и Ана Камчева. На прашање од обвинетиот Бојан Јовановски, како се финансирала „1ТВ“, Варошлија рече дека имале многу клиенти и реклами, посочувајќи еден од начините дека требал да ја промовира водата „Пелистерка“ во неговата емисија. На прашање од обвинителката Вилма Рускоска, дали му е познато дека има фискални сметки за брендираната облека, Варошлија рече дека не му е познато, но и дека не тврди дека се му е подарено.
Прва сведочеше Марија Јанковска, која е сопственик на оптика. Таа рече дека повеќе години се познаваат со Боки 13 со кого соработувале и му давала очила како на позната личност за промоција на нејзината продавница. Заедно патувале во Франција, во Италија и во Грција каде присуствувале на разни модни настани или на одмор.
„Секогаш се сум си плаќала сама. Сместување, пат и трошоци. Кога сме оделе на модни ревии и настани на Бојан некогаш му даваа и разни парчиња облека од познати марки како промоција за влијателна личност“, изјави Јанковска која одговараше само на прашања од адвокатот на Бојан Јовановски додека обвинителката не постави ниту едно вкрстено прашање.
Вториот сведок Алекс Кртов, сопственик на галерија, рече дека Бојан Јовановски му бил муштерија и му врамувал огледала за станот во Орман.
„Му правев некое огледало за станот во Орман. Имаше добар стан и тогаш го уредуваше. Јас му предложив да ставиме некои уметнички слики да постојат некое време. Знаете во тоа време тој беше скопска ѕвезда и таму се вртеа еминентни луѓе. Мене ми беше идеја по некое време да направиме аукција на телецизијата што ја водеше тогаш“, изјави Кртов.
Судењето за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска. На денешно рочиште требаше да бидат сослушани уште тројца сведоци, но Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовче Ременски беа повлечени од одбраната, а сведокот Лидија Јаневска доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.
сведочење Сергеј Варошлија Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.