Вашингтон најави дополнителна воена помош за Украина, во износ од две милијарди долари.
„САД најавуваат дополнителна воена помош од две милијарди долари за Украина“, изјави синоќа за Си-Ен-Ен советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Тој не зборуваше за деталите за новите испораки најавени за годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина.
Саливан потсети дека американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на неговата посета на Киев, му ветил на својот украински колега Володимир Зеленски повеќе артилерија, повеќе муниција и повеќе системи HIMARS.