Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон: Виткоф и Кушнер на пат кон Москва

0
By Zoran Ivanov on January 14, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 14, 2026 14:15

Претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, планираат наскоро да ја посетат Москва за да се сретнат со лидерот на Кремљ, Владимир Путин.

Планираната посета е дел од напорите за постигнување мировен договор со цел да се стави крај на војната на Русија со Украина, објави Индепендент.

Од друга страна извори за Блумберг на истава тема изјавија дека средбата би можела да се одржи подоцна овој месец, но предупредија дека плановите сè уште не се конечни и дека датумот би можел да се промени поради случувањата во Иран, каде што се во тек големи протести.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека таква средба во моментов не е закажана, додека Кремљ не одговори на барањето за коментар. Според еден од изворите, сè уште не е познато колку е заинтересиран Путин да одржи втор состанок со членовите на тимот на Трамп, што се чини дека е главната пречка за одредување датум.

Се очекува Путин да биде претставен со најновиот нацрт на мировен план од 20 точки, изготвен од украински и американски претставници. Виткоф и Кушнер веќе ја посетија Москва и се сретнаа со Путин во декември, рунда разговори што траеше речиси пет часа, но не донесе значаен напредок.

Виткоф се сретна со Путин во Русија шест пати во текот на изминатата година. Дипломатските напори следат по состанокот на претставници на 35 земји и организации во Париз на 6 јануари, на кој беше финализирана работата за безбедносните гаранции за Украина.

По состанокот, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот Володимир Зеленски потпишаа декларација за намера за распоредување трупи во Украина во случај на мировен договор. Виткоф и Кушнер беа меѓу американската делегација во Париз, а Виткоф рече дека е постигнат значителен напредок од состанокот на „Коалицијата на волјата“.

 

виткоф Москва САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.