Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Василевски: Ако одлуката на ДИК беше во корист на СДСМ, „27 април“ ќе беше и порано

0
By Нова ТВ on June 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Александар Василевски Нинџа денеска се појави во скопскиот Кривичен суд во улога на сведок во предметот за организацијата на настаните од 27 април во 2017 година. Тој пред присутните во судницата, меѓу кои беа и обвинетите Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешни министри и Владимир Атанасовски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), ја изнесе сопствената верзија за случувањата што претходеле на денот на насилниот упад во Собранието.

Вечерта по изборниот ден на 11 декември во 2016 година, истакна Василевски, раководството на ВМРО-ДПМНЕ и партиски функционери ја славеле победата во „Скај бар“ во хотел „Русија. Два дена по забавата биле поднесени приговори, па почнале организирани протести пред Државната изборна комисија (ДИК) за кои насоките доаѓале од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаше насоки да се влезе во зградата на ДИК и да се дејствува во насока на заплашување на членовите на Комисијата да не одлучат спротивно на замислата на ВМРО-ДПМНЕ. Случувањата од 27 април ќе беа и порано ако одлуката на ДИК беше во корист на СДСМ“, рече Александар Василевски Нинџа.

Одлуката на ДИК била во корист на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата, сепак, не формира влада и се организираа протести под мотото „За заедничка Македонија“.

„За повикување на масовност на протестите се одеше преку генералниот секретар Кирил Божиновски, преку организациониот секретар Спире Ристевски“, кажа Василевски.

Протестите, како што тврди Василевски, ги организирала ВМРО-ДПМНЕ преку општинските и месни комитети, а вработени во градинки, во Водовод и канализација и други институции кои биле членови партијата требало да излезат и да ги поддржат.

Василевски за време на денешното сведочење рече дека по наредба на Атанасовски биле следени и функционери од СДСМ, меѓу кои и Зоран Заев и Оливер Спасовски и покрај тоа што бил технички министер за внатрешни работи, но и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу кој бил наклонет кон СДСМ.

Александар Василевски Нинџа е осуден на осум години затвор во најобемниот судски процес за истите настани. Неговите искази и како обвинет и како сведок директно го инволвираат тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во организација на настаните од 27 април во 2017 година.

Одбраната пред почеток на денешното рочиште се изјасни против сведочењето на Василевски со образложение за контроверзен исказ кој го дал во тек на истрагата за организаторите што се поклопува со периодот пред изрекување на пресудата.

„Преголема е случајноста во датумите кога го има дадено својот исказ во фазата на истрага. Тоа е периодот по завршување на главната расправа, односно пред објавување на пресудата во предметот во кој е обвинет Василевски. Друго, во произнесувањето на еден од неговите адвокати пред Апелација наведе дека по инсистирање и барање на неговиот клиент, бил во преговори Нинџа да добие статус на соработник на правда, а откако тоа не му било удоволено, истиот преговарал за поволности во однос на изрекување на казната“, рече адвокатот Еленко Миланов.

Судот сепак одлучи Василевски да сведочи, а судијата Илија Трпков рече дека неговото сведочење е под заклетва, како и дека станува збор за два различни предмета. Пред почеток на денешното сведочење, Василевски повтори дека поради исказите за предметот „27 април“ е под постојани закани од политички и безбедносни структури во изминатите две и пол години додека е во притвор. Се претстави како бивш соработник на УБК со псевдоним „Самурај“, кој бил ангажиран во 2015 година од поранешниот началник, Горан Грујевски.

Александар Василевски Нинџа ВМРО-ДПМНЕ сведочење Случак „27 април“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.