Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва на 46. МОТ: Премиeра на „Силата С“, „Поезис на себството“ и „Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени“

0
By Sashko on November 22, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва, во рамки на 46-то издание на Младинскиот отворен театар (МОТ), се три претстави во изведба на „Локомотива – Скопје“, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.

Станува збор за премиера на „Силата на С” на Александар Георгиев  (С. Македонија, Бугарија и Шпанија), „Поезис на себството“ на Снјежана Премуш и Рок Вевар (Словенија) и „Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени“ („DOWL“) на Соња Преград (Хрватска).

„Силата на С“ е во авторство, режија и кореографија на Александар Георгиев во соработка со Жана Пенчева од Бугарија и Дарио Барето Дамас од Шпанија. Улогите ги толкуваат Дарио Барето Дамас, Жана Пенчева и Александар Георгиев. Музиката е на Цветан Момчилов, а графички дизајн на Ѓорѓи Десподов. Претставата на МОТ е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија и Град Скопје.

Авторка и режисерка на „Поезис на себството“ е Снјежана Премуш. Претставта е создадена и ја изведуваат Снјежана Премуш и Рок Вевар кои се и автори на текстовите, а во продукција на Федерација Институт Љубљана и копродукција на Бункер, Љубљана

За „Поезис на себството“ се посочува дека е неконвенционален танцово-теориски настан што експериментално, информативно и метафорично ги претставува пред гледачот релациите помеѓу телото, просторот и физичките закони кои управуваат со двете материјалности. Настанот користи комбинација на различни уметнички средства и елементи (предмети, тела, слики и јазични особености) и серија едноставни кинетички елементи и дејства во просторот. На извесен начин, пред гледачите ги изложува резултатите од неколкумесечниот процес, со што ја напушта веројатноста дека гледачите би следеле исклучиво оддалеку.

„Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени („DOWL“) е претстава на Соња Преград од Хрватска, која е автор и режисер. Музиката е на Ника Печарина, а костимографија на Теа Кантоци. Настапуваат Ивана Бојаниќ, Викторија Бубало, Лана Хосни, Ана Јаворан, Ана Мрак, Ева Приечкова, Соња Преград.

Оваа претстава е дел од проектот НАМ и е ко-курирана од Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска и Соња Преград, со Биљана Тануровска – Ќулавковски, а во организација на Локомотива. Програмата на Локомотива на МОТ развиена преку (Non) Aligned Movements проектот и поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија, Град Скопје, и Креативна Европа/Европски проекти на соработка во Западен Балкан. 

култура Македонија МОТ Претстави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.