Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува ЕП 2020: Италија – Турција на „Олимпико“, Македонија дебитира во недела

0
By Sashko on June 11, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со натпреварот меѓу Турција и Италија вечерва во 21 часот, ќе стартува Европското фудбалско првенство. Натпреварот ќе се одигра на „Олимпико“ во Рим, во рамки на групата А во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс.

На ЕП 2020 ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација. Дебито на „црвено-жолтите“ на континенталните првенства е в недела од 18 часот против Австрија во Букурешт. Пресметката е дел групата Ц во која се и репрезентациите на Холандија и на Украина.

Во групата Б ќе играат: Русија, Белгија, Данска и Финска, во групата Д се Чешка, Хрватска, Шкотска и Англија, во групата Е се Шведска, Полска, Шпанија и Словачка, додека епитетот „група на смртта“ го доби Ф конкуренцијата со репрезентациите на Германија, Франција, Португалија и Унгарија.

Европското првенство ќе се игра во 11 града ширум континентот – Рим (стадион „Олимпико“/капацитет 70.634), Букурешт (Национална арена/капацитет 55.600), Баку (Олимписки стадион/капацитет 68.700), Копенхаген (стадион „Паркен“/капацитет 38.065), Санкт Петербург (стадион „Крестовски“/капацитет 68.134), Лондон (стадион „Вембли“/капацитет 90.000), Амстердам („Јохан Кројф“ арена/капацитет 54.990), Глазгов („Хемпден парк“/капацитет 51.866), Севилја (стадион „Ла Картуха“/капацитет 60.000), Будимпешта („Пушкаш арена“/капацитет 67.215) и Минхен („Алијанц арена“/капацитет 70.000).

Од 24-те репрезентации учеснички на турнирот, во следната фаза ќе се пласираат двете најдобропласирани од секоја група, плус четирите третопласирани селекции со најдобар биланс.

Европското првенство ќе трае до 11 јули, за кога се закажани мечот за третото место и големото финале на „Вембли“ во Лондон.

ЕП 2020 Македонија репрезентација спорт фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.