Поројни дождови, грмежи и засилен ветер се очекуваат во попладневните часови на територијата на Македонија. Во  моментот поголем дел од земјата, особено во планинските делови веќе има поројни дождови грмежи, известуваат од УХМР.  Во Скопје дува засилен ветер со брзина од 75 километри на час.

Поинтензивни врнежи  проследени со електрични празнења и град со над 30 л на м2,  се очекуваат во вечерните и ноќните часови. На места ќе има невреме проследено со град и силни електрични празнења.

Во УХМР информираат дека во скопската котлина се очекува невреме со пороен дожд , грмежи и засилен ветер.

Синоптичарите препорачуваат да не се престојува на отворен простор во поле, особено не под осамени дрвја. Заради поголема безбедност , стадата животни да се групираат во помали групи.