Вечерва, неколку минути пред 20 часот, скопјани почуствуваа уште еден посилен, но нефатален земјотрес со силина од 4.8 степени по Рихтеровата скала.
Денеска попладнето имаше два помали потреси, додека заедно со вчерашниот ден, градот го зафатија повеќе од 10 земјотреси. Најсилен беше оној во недела во 15:10 часот со силина од 5.3 степени по Рихтеровата скала.
300 пријави за штети од земјотресот во Центарот за управување со кризи