Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва завршува 38.издание на фестивалот „Браќа Манаки“

0
By Нова ТВ on September 30, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На последниот фестивалски ден на „Браќа Манаки“ денеска, беа кинематограферот на филмот „Забавата“, Алексеј Борисович Радионов, а се претстави и дел од тимот на македонскиот филм „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска.

Фестивалот вечерва ќе го заокружи проекцијата на филмот „Нека влезе сонцето“ во режија на Клер Денис и Ањес Годар зад камерата.

Филмот „Забавата“ во режија на Сали Потер е британска комедија снимена од страна на   рускиот кинемтографер Алексеј Родионов. Филмот е црно бел, но постои и снимка во боја, а Родионов вели дека не може да се одлучи која верзија е дефинитивно подобра – некои сцени изгледале подобро во црно-бело, а некои пак во боја. Актерите се снимани од блиску, со

Иако доаѓа од Русија, Родионов вели дека неговата смисла за хумор е слична со онаа на Британците, па одлично се вклопил со британскиот тим за време на снимањето.

Тој го изрази своето задоволство што гостува на фестивалот „Браќа Манаки“.

„За прв пат сум во Битола, многу ми се допаѓа гостопримливоста на луѓето. Ова е еден уникатен фестивал кој е посветен на кинематограферите и нуди одлична можност луѓето од нашата фела да се соберат на едно место и да комуницираат, бидејќи секогаш се во втор план на другите фестивали“, изјави Родионов.

Филмот „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска и Ањес Годар зад главната камера, ги обработува, како што рече продуцентаката Лабина Митевска, проблемите на младата генерација во Македонија и меѓуетничките тензии.

Главните улоги во актерскиот тим ги играа непрофесионални глумци, одбрани на кастинг, па за нив ова беше прво филмско искуство.

На овој филм Теона Стругар Митевска работеше со кинематограферката Ањес Годар, додека пак секој од нејзините претходни филмови е работен со различен кинематографер.

Лабина Митевска објасни дека Теона е режисер за кој што секој нов филм е и ново истражување, па затоа нејзините филмови се меѓусебно естетски различни. За таа цел Теона Митевска прави кастинг и за директорот на фотографија пред секој филм, како и за глумците.

!Во овој филм Теона сакаше да ја постигне реалноста и бруталноста, за разлика од „Јас сум од Титов Велес“ каде што сакаше да постигне магичност и убавина на секој кадар. Овде целта беше камерата да биде блиску до ликовите и брутално да ја прикаже реалноста во Македонија.За Ањес на овој филм предизвикот беше да работи со многу малку светлина, а за Теона беше предизвик да работи со грдотијата на животот на овој свет, за која зборува овој филм“, објасни Лабина Митевска.

На прашањето како лично го доживува филмот, бидејќи од публиката во Македонија по проекцијата доби доста поделени мислења, Лабина истакна дека е многу горда на овој филм.

„На овој филм сум посебно горда, затоа што е авторски, многу тежок филм и зборува за работи кои сите нас не’ допираат. Фантастично поминува по фестивали, а јас како продуцент сум многу горда што филмот е продаден во цела источна Азија и во Кина, можеби ова е единствен македонски филм кој ќе биде дистрибуиран во Кина. Македонија е секогаш најтешка, бидејќи е наша земја и најкритички расположена“, вели Митевска.

Најславниот македонски филмски режисер пак, Милчо Манчевски, добитник на Специјална награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на 38. ИФФК „Браќа Манаки“, одржа мастеркласа пред присутните гости, студенти и публиката во Битола.

Модератор на мастеркласот беше новинарката, филмски критичар и одличен познавач на неговото творештво, Марина Костова.

Тематскиот фокус на мастеркласот беше ставен на работата на Милчо Манчевски со целокупната филмска екипа, од моментот на создавање на идејата и концептот за одредено филмско остварување, преку претпродукцискиот период, дефинирањето на сценариото, изборот на филмската екипа, снимањето на филмот до постпродукцијата и прикажувањето на филмот. На мастеркласата беше прикажан и трејлерот на новиот филм на Манчевски, „Бикини мун“, чија премиера треба да се случи набрзо на еден од светските филмски фестивали.

38.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера свечено ќе биде затворено вечерва со доделувањето на наградите Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, Мала Златна Камера 300 за најдобар краток филм, а на лауреатот на Специјална Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, Милчо Манчевски ќе му биде врачена наградата.

„Кога денот немаше име“ Браќа Манаки Милчо Манчевски Теона Митевска фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.