Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски упатил покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Тарнер кои имаат намера да ги набљудуваат предвремените избори да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата.
Вељаноски вчера потпиша Решение за распишување предвремени парламентарни избори за 5 јуни.