Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска како што најави треба да ги распише предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 5 јуни.
Спикерот на Собранието на 7. април го распушти Собранието, но поради непрочистениот Избирачки список, тој тогаш не ги распиша изборите веднаш, туку даде уште една недела рок со цел ДИК да има време да ги заврши сите проверки во однос на бројот на гласачи.
Вељаноски, пред неколку дена, рече дека не гледа причини зошто треба да ги одложи изборите и дека избори на 5 јуни ќе има.
Доколку Вељаноски остане на оваа одлука, СДСМ најави дека нема да учествува во изборите, а во таа одлука освен нивните коалициони партнери, им се приклучија и уште неколку помали партии, меѓу кои и Демократски сојуз на Павле Трајанов и ДОМ на Лилјана Попоска.