Американскиот комичар Стивен Колбер во своето најново шоу, по американските претседателски избори и победата на Трамп, во концепт ги стави и велешките тинејџери од Македонија кои преку пропагандни сајтови објавувале лажни реклами во корист на Доналд Трамп, со што заработувале пари и влијаеле на изборите во САД.
„Еј, вие, македонски тинејџери! Престанете! Зошто не можете да правите нормални тинејџерски работите како и другите тинејџери? Нешто како ставање петарди во поштенски сандачиња… или да украдете кукла и да ја запалите во шума…“, рече Колбер.
Неодамна Марк Зукерберг ги отфрли наводите дека Фејсбук е најодговорен за победата на Трамп, но рече дека во иднина ќе се забрани рекламирање на овие лажни онлјан вести.