Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велибор Манев: Првичниот план беше да грабнеме жена на возраст од 38-40 години, за што Палевски ни вети по 150 илјади евра

0
By Marija Todorovska on March 12, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 12, 2025 13:28

Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче, денеска во Кривичниот суд рече дека грабнувањето на Вања се извршило при третиот обид, а првичниот план бил да грабнат жена на возраст од 38-40 години.

Претходно, Манев пред Судот рече дека грабнувањето на Жежовски во Велес го извршиле со намера да го искористат неговото возило за грабнување на жена во Скопје, а грабнатите да се чуваат во ископана дупка – „земуница“ во Велес сѐ до наплатата.

Прашан кого планирале да грабнат, одговори дека Палевски кажувал повеќе личности, меѓу кои, како што рече „беше Сашо директорот на Гранит, после тоа, се одлучи за жена на 38-40 годишна возраст, ќерка на некој од фармацевтските куќи“. Според Манев, Палевски првично на секого им ветил „по 150 илјади евра за грабнување на ќерка на фармацевт“, за потоа, кога виделе дека не е таа личност, дека е грешка, им рекол „нема да бидат толку пари, ќе бидат помалку, ама важно ќе ги земеме“.

Цело време дури и пред да се случи самото грабнување, десетина дена претходно ја следел, така ни кажуваше, да видиме кога излегува, каде работи и наводно ја сликал со телефонот. Цело време ни ги покажуваше сликите, изгледаше на 38-40 годишна жена, дали беше фотошопирана не можам да кажам, рече тој.

Манев рече дека женското лице го грабнале на 27 ноември, при третиот обид.

Возилото на Панче Жежовски беше кај пазарот во Радишани, нѐ однесе таму на 27 ноември и нѐ остави со кангуто, нѐ остави тројцата, мене, Боре и Влатко Кешишев, таму го запаливме возилото и тргнавме кон зградата каде требаше да го извршиме грабнувањето, рече тој.

 

Прашан како и кој го извел грабнувањето, појасни дека Палевски го објаснил системот и начинот како се отвора вратата на самата зграда.

Ни го објасни внатрешниот ентериер и распоред на скалите, дека одвнатре може полесно да се земе жената. Бдејќи ни објасни што и како, кога стигнавме таму, Влатко остана во цитроенот, јас и Боре влеговме во зградата. Влеговме, немаше сијалици, темно беше, светлина доаѓаше од самиот влез на вратата и временски, од време на време, Љупчо Палевски по Моторола ни кажуваше саатот колку е што е, како се движи времето до 7:20 часот, кога излегува жената. Во 7:20 јас бев до скалите, Боре чекаше со селотејп лента ставена на раката и кога се симнуваше особата, Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата со селотејп и ја повлековме во скалите во потесното, рече тој.

Дополни дека потоа ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење која претходно ја земале од канцеларија.

Влатко ја донесе колата пред влезот, го отвори гепекот за да може да ја ставиме, посочи тој.

Откако ја ставивме во гепек, по насоки на Палевски, почнав да се движам по улиците што ми ги кажуваше претходно и така излеговме на Партизанска, сѐ она што е снимено по Сејф Сити, покрај Александар Палас, скршнавме кон Качанички пат, тука се исклучив за патот кон местото каде што треба да ја носиме.

Стигнавме до местото оризови дупки и го отворивме гепекот. Палевски ја праша како се вика, што се вика, чија е, татко, мајка, сѐ почна да ја прашува, и од кога тоа го дозна ни рече да ја извадиме надвор за да ја слика и да може да прати слики на фамилијата. Откако ја извадивме од колата, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот го извадивме видов дека тоа не е жена, туку дете. Влатко и јас бевме до него блиску и му рековме дека е грешка, треба да ја пуштиме назад, бидејќи сме под маски, нема никој видено, да ја ослободиме. Палевски повторно почна да кажува да прекинам, дека ништо не разбирам, дека сѐ е таман, се било чисто, нема што да се бере гајле, дека првичната сума што ја понудил за грабнувањето нема да може да се земе, дека ќе биде помала. Се свртив да гледам кон лозјето, бидејќи беа некроени, напуштени одамна. Додека гледав, Палевски му пријде на детето, со пиштол и со перниче во рака му испука куршум и јас повторно бев надвор од себе, изјави Манев.

Палевски, според Манев, потоа се вратил до пикап- от, и од него извадил неупотребени копач, лопата и ашов и им наредил да ископаат дупка.

 Ја спуштивме во дупката, Палевски ја извлече вреќата и ја фрли во возилото на Панче Жежовски. Со солзи во очите, почнав да закопуваме. Откако го завршивме тоа, јас го возев возилото на Панче, тој напред го возеше пик апот и спрема Глуво, па оттаму скршнавме спрема Скопје, некаде подоле по патот, тој тргна по спореден пат, спрема нивата каде што го запаливме возилото. Запре тука, ми даде знак каде да ја терам колата на Панче во границата, тука извади гориво кое претходно беше земено од страна на Кешишев и го поли возилото и го запали. Јас само го оставив и седнав во пик апот, на предното седиште, Боре и Влатко седнаа позади и тргнавме да се враќаме спрема канцелариите, изјави Манев.

Според сведочењето на Менев, Палевски претходно ги однел на местото „оризови дупки“, пред првиот обид за грабнување, каде како што мислел „ќе се чува грабната жена“.

По грабнувањето и убиството на Вања, Манев рече дека тој и Боре со неговата кола продолжиле за Велес, а Влатко и Палевски останале во канцеларијата.

Манев, исто така, рече дека Палевски потоа му се јавувал „ да не се секира, дека сѐ е во ред“, како и дека му се јавил кога тргнал од Србија за Турција.

Првиот пат се јави ми рече дека ќе одел за Москва, јас му реков прави што знаеш за после неполни десетина минути, повторно да ми се јави за да ми каже дека се наоѓа на турска граница и дека ќе оди за Истанбул. Имаше јавување и од телефонот на Стефан Димовски и последното јавување ми рече ќе се чуеме сабајле кога ќе бидам во Истанбул. Сабајлето ми се јави, бидејќи знае дека имам пријатели во Турција, ми рече да му дадам некој пријател за контакт за да може да му даде куќа под кирија, наводно во Истанбул била висока киријата, рече Манев.

Вања Ѓорчевска Велибор Манев оризови дупки Палчо судење убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.