Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венгер ги погоди замените и ликува: Жиру го спаси Арсенал од пораз

0
By Нова ТВ on November 19, 2016 СПОРТ
Фото: eurosport.fr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа без победник (1:1) во дербито на 12. коло во Премиерлигата. Мата обезбеди водство за „црвените ѓаволи“ во 73 минута по асистенција на Ерера, Жиру израмни во 89 минута за тимот на Арсенал кој не знае за триумф на „Олд трафорд“ цели 10 години.

Позадоволен од конечниот исход, се разбира, е Арсен Венгер. Замените што Фрацузинот ги направи во второто полувреме директно влијаеа за освоениот бод на „топчиите“. И стрелецот на голот (Жиру) и асистентот (Окслејд Чембрлен) по почнаа мечот од клупата, но минаа доволно време на теренот за израмнување.

Центаршутот на Чембрлен, крај Рашфорд, ја надлета тврдината пред Де Хеа и на Жиру не му беше тешко да ја „закова“ топката во мрежата. Мата постигна прекран гол во 68 минута. Акцијата ја повлече Погба по десната страна, додаде до Ерера кој продолжи кон Мата, а шпанскиот репрезентативец од „прва“ го матира Петр Чех.

Домашните, вреди да се признае, беа подобар ривал од Арсенал денеска иако играа без Златан Ибрахимовиќ. Имаа повеќе од играта, создадоа неколку прилики за гол, успеаја до еден, но не и до втор за потврда на трите бода. Казната ги стигна во саммиот финиш во кој составот од „Емирати“, што се вели, со еден шут на гол остана непоразен.

 

 

Арсенал Дерби Манчестер Јунајтед Оливие Жиру Премиерлига фудбал Хуан Мата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.