Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верен „јорганџија“: Диего Симеоне во Атлетико Мадрид до 2022 година

0
By Нова ТВ on February 14, 2019 СПОРТ
Фото: sportinglife.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Диего Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2022 година. Аргентинскиот менаџер го продолжи договорот со „јорганџиите“ за дополнителни две сезони и на тој начин ги прекина шпекулациите за можно преземање на Интер од Лучано Спалети. И самиот неретко ги подгреваше со порака дека кога-тогаш ќе се врати кај „нероаѕурите“ чии рози не цветаат како што посакува раководството на „Џузепе Меаца“.

Интерес за него имаше и од Манчестер јунајтед (пред ангажманот на Солскјер) и од Челзи (како наследник на Маурисио Сари), но сега е веќе јасно каде се гледа и во периодот по истек на тековниот договор во летото во 2020 година. Со новиот параф е обезбеден мир и за челниците на Атлетико Мадрид од можно губење на тренерот со кој клубот освои седум титули од 2011 година и двапати играше во финале на Лигата на шампиони. Но, мир осигура и популарниот „Чоло“ пред осминафиналниот двомеч со Јувентус во ЛШ.

Атлетико Мадрид под водство на Симеоне има три трофеи во Шпанија (по еден во Примера, во националниот Куп и во Суперкупот) и по два во европскиот Суперкуп и во Лига Европа.

Фудбалската кариера ја заврши во Расинг Клуб во 2006 година. Играше уште за Велез Сарсфилд, за Пиза, за Севилја, за Интер, за Лацио и во два наврата за Атлетико Мадрид. Како менаџер, пак, работеше во Расинг Клуб, во Естудијантес, во Ривер Плата, во Сан Лоренцо и во Катанија. Дресот на „гаучосите“ го носеше во 106 меча во кои постигна 11 гола.

Атлетико Мадрид Диего Симеоне Договор фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.