Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ветото за Македонија не може да се тргува за „танкери, пари или Шенген“, велат бугарските социјалисти

0
By НОВА ТВ Terziova on May 30, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако бугарскиот премиер Кирил Петков има силна желба да го тргне односно укине ветото за С. Македонија, тој нема да го стори тоа, бидејќи следниот ден нема да биде премиер, а владата ќе падне, вели Петар Витанов, шеф на делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот парламент.

Според него, бугарските граѓани нема да останат рамнодушни доколку владата одлучи да го укине ветото во сегашната состојба на преговорите.

„Сакам да верувам дека не треба да има поврзување на прашањето за С. Македонија со танкери, планот за одржлив развој или Шенген. Тргување со овие работи не може да има, бидејќи ова е клучна одлука со исклучително широк јавен интерес“, додаде тој.

Витанов исто така потенцира дека според она што тој го чул на неговите меѓународни средби во последните недели, добил впечаток дека се преземени доста заложби за укинување на бугарското вето.

„Вистината е дека има многу големи очекувања и затоа има сериозен притисок врз нашата земја. Но, и да имаат голема желба премиерот и владата да го симнат ветото, тоа не може да се случи, бидејќи владата ќе падне доколку нема значителен напредок во односите меѓу двете земји“, изјави тој.

Фактот дека добивањето на парите од европкиост план за одржлив развој е забавено логично може да се поврзе со бугарското вето за С. Македонија и ова е еден вид на политички притисок на кој Бугарија не треба да подлегне, вели Иво Христов од редовите на групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во ЕП (СиД) и шеф на кабинетот на претседателот Румен Радев во периодот 2017-2019 година.

„Овие пари се мал детал во историскиот пат на Бугарија, кој е воден од многу поголеми настани. Влогот за зачувување на нашата историја, јазик, култура, самодоверба е многу поголем отколку инвестирањето во нашата проблематична економија“ – рече Христов.

Според него, владејачката коалиција не сака да преземе одговорност за ветото за С. Македонија, бидејќи со тоа би ја изгубила и надворешната поддршка.

“Ако ветото не биде потврдено, тогаш владата ќе ја изгуби внатрешната поддршка. Соочени со оваа двојно губитничка ситуација, власта бара со кого да ја сподели одговорноста. На чиј грб да го префрли тоа, а првиот и најголем поддржувач на кабинетот е претседателот, поради високата доверба во него и поради тоа што им попречува на сите со својот авторитет и углед на човек кој ја кажува вистината во кој веруваат Бугарите“, потенцира Христов.

Бугарија вето Македонија регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.