Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вевчани доби туристички центар според стандардите на европските средини

0
By НОВА ТВ on August 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 29, 2021 14:12
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестициите Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски денеска извршија увид во комплетно опремениот Туристички центар во реновираното поранешно училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани.
Туристичкиот центар „Вевчани“ е модерен мултифункционален објект чија корисна површина е 1.400 метри квадратни. Опремени се голема конгресна сала, неколку сали за семинари, музејска просторија за презентирање на флората и фауната од заштитеното подрачје Споменик на природа „Вевчански извори“ и планината Јабланица. Има инфо центар, продавница за сувенири, отворена галерија за промоција на богатото културно наследство на Вевчани, со опрема за функционално уредување на мултимедијален туристички центар и за дизајнирање и печатење на промотивни материјали, како и простории со други придружни содржини како што се фитнес и бодибилдинг сала.

Заев посoчи дека Туристичкиот центар „Вевчани“ е Центар каков што би посакале и најмодерните европски општински средини. Пред да се реконструира овој објект, беше зграда на старото основно училиште „Страшо Пинџур“ – Вевчани. Самиот објект преставуваше импозантна градба изградено од 1948 до 1951 година од страна на вевчанските неимари и токму наследниците на тие градители учествуваа во неговата ревитализација и нова функционалност.

-Во 2016 година кога во предизборната кампања го посетив Вевчани, руинираниот објект на некогашното училиште, ветив дека тука ќе никне нов модерен, мултифункционален Туристички центар „Вевчани“. И еве, денес стоиме пред комплетно реконструираната зграда со модерно партерно уредување, рече Заев.

Според него, место да биде оставен на забот на времето, со тотално руиниран и оштетен покрив, денеска во центарот на Вевчани има модерен објект кој, како што рече, ги задржа архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но доби нова функција соодветно на новите потреби на заедницата и на регионот.

-Со овој објект се овозможува промоција и развој на туризмот, не само на Вевчани, туку и на целиот овој регион кој пошироко со Дебар и Дебарца, со Струга, Охрид, регионот Преспа, па дури и Пелистер и Битола, претставува еден од нашите најсилни и најатрактивни туристички потенцијали, потенцира Заев.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека Туристичкиот центар „Вевчани“ е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, кој се спроведува во заедничка соработка меѓу Владата, Делегацијата на Европска Унија и канцеларијата на Светска Банка, преку кој се спроведуваат 57 потпроекти во 10 туристички дестинации.

-Проектот за локална и регионална конкурентност се реализира во вкупна вредност од околу 21 милион евра и Програмата ТАВ, со која се реализираат 94 инфраструктурни проекти во речиси сите општини, во вредност од речиси 50 милиони евра, се одличен показател дека оваа Влада, како ниедна претходно, е насочена кон рамномерниот регионален развој и обезбедување подобри услови за живот на граѓаните и поквалитетни услови за локален економски развој на стопанството низ целата држава. Туристичкиот центар во Вевчани ќе ја зголеми атрактивноста на оваа дестинација и ќе збогати искуството со кое ќе се здобијат туристите при посета на Општина Вевчани, потенцираше Битиќи.

Градоначалникот на Вевчани Јанкоски рече дека со реализацијата на овој проект конечно е остварен сонот на вевчанци за реконструкција на старата училишна зграда. Со Туристичкиот центар, како што нагласи, се отвораат можности за развој на локалните капацитети и подобрување на атрактивноста на општината, на Струга и Охрид и поширокиот регион.

Вевчани Зоран Заев туристички центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.