Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) ДИК утре ќе го разгледува последниот приговор

0
By Влатко Чаловски on December 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 16, 2016 20:33
Државната изборна комисија за денес заврши со работа. Последниот приговор на СДСМ ќе се разгледува утре. Состанокот ќе почне во 11 часот. Во меѓувреме членовите на ДИК ќе работат на изготвување на веќе донесените 13 одлуки и тоа осум од движењето БЕСА и пет на Коалицијата предводена од СДСМ.
По доставата на решенијата до партиите почнува да тече 24-часовниот рок за тужби до Управниот суд. Судот ,има рок од 48 часа за одлука.

ДИК треба да каже дали ќе се повтори гласањето на избирачкото место 0396/1, во Гостивар, изборна единица 2. Одлуката ќе се донесе врз основа на статистичките податоци кои треба да покажат дали тие гласови би можеле да влијаат на изборниот резултат. Ако бројките покажат дека износот на гласови би можел да го смени резултатот ДИК ќе донесе одлука за прегласување.

ДИК вечерва едногласно отфрли уште еден приговор за сумирање на резултатите од гласањето на 11 декември за предвремените парламентарни избори на Коалицијата предводена од СДСМ.

Отфрлен е приговорот за избирачкото место 2016 во Теарце, откако по увидот во целокупниот избирачки материјал во ова избирачко место беше констатирано дека тој во целост се совпаѓа со она што е утврдено од избирачкиот одбор. При разгледувањето на овој приговор, по барање на ДИК денеска на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од ова избирачко место со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Претходно со шест гласа „за“ и три против, Комисијата го усвои приговорот од Беса, кој се однесува на постапката на гласање за избирачко место 0396/1 во Гостивар, за кој беше побарано графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.

Одлуката е донесена откако до ДИК денеска беше приложен извештај од графологот, според кој утврдено е дека некој друг гласал во име на посочениот гласач и се потпишал во изводот од Избирачкиот список.

СДСМ денеска повлече два од приговорите бидејќи биле ненавремено поднесени.

Досега, ДИК отфрли пет приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум од Беса. На денешната седницата ДИК го одби приговорот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово. До ДИК беа поднесени вкупно 16 приговори, осум од СДСМ и осум од Беса.

Инаку, додека траеше седницата на ДИК, собраните поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ заиграа оро, но и исфрлија по некој огномет кон прозорите каде што се одвиваше расправата по приговорите.

Тие го скандираат името на партијата, и повторуваат дека таму се за да ја одбранат победата на нивната партија од „предавниците“ и опозицијата.

На улицата на кростосницната во центарот на Скопје кај поранешната зграда на НОВА МАКЕДОНИЈА каде што денеска се сместени повеќе институции, меѓу кои и ДИК, беа запалени повеќе канти. Во нив се пали оган, а на групата и беа испорачани дрва.

Дик Избори 2016 приговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.