Едно лице загинало денеска при гаснење на шумски пожари во турската провинција Мугла, во близина на хотел во познатото летувалиште Мармарис.

Загинатиот бил вработен во Турската дирекција за шумарство, пренесува агенцијата Анадолија.

Голем број на пожарникари, шест хеликоптери, булдожери и противпожарни возила се вклучени во гаснење на пожарот, чие ширење дополнително го засилува ветерот.