Муртаза Ахмади, момчето кое влезе во срцето на фудбалската публика ширум светот носејќи дрес на Лионел Меси направен од пластична кеса, конечно го запозна својот херој.

Фотографијата на авганистанското момче, кое сега има шест години, го обиколи светот. Во меѓувреме пластичната кеса, која за него ја направи неговиот брат, ја замени дрес потпишан лично од Меси.

Фудбалската ѕвезда и Ахмади се сретнаа во Доха. Барселона моментално стигна во Катар каде ќе игра пријателски натпревар со Ал Ахлијем.

Муртаза е од сиромашно семејство кое потекнува од источната Газни провинција. Неговите најблиски биле принудени во мај годинава да побегнат во Пакистан.

Ова не е прв пат Меси да се сретне со деца во посебни прилики. Некои од тие ситуации биле посебно емотивни.