Интернет гласањето ќе трае до 19 декември до 15:59 часот, односно до пред почетокот на музичкото шоу.

Децата од „Дајте музика“ утре ќе пеат на Јуниор Евросонг во Париз. Еден ден пред натпреварот, Кристина, Анастасија, Миха и Филип испратија порака до сите фанови од Македонија дека може да гласаат за нив преку официјалната страница на Јуниор Евросонг кадешто е дозволено да се гласа за сопствената земја.

„Гласајте за Македонија“, вели македонскиот тим.

На официјалната страница на Јуниор Евросонг може да се гласа за три земји, вклучувајќи ја и сопствената. Интернет гласањето ќе трае до 19 декември до 15:59 часот, односно до пред почетокот на музичкото шоу. Овие гласови потоа ќе се спојат со гласовите од публиката што ќе гласа преку СМС. Тие се половина од вкупните поени што ќе одлучуваат за победникот. Останатите педесет проценти од гласовите ќе ги даде жирито.