Се сеќавате на канадската министерка, дојдена да преговара трговски договор со Валонија, која речиси се расплака пред камерите во октомври минатата година?
https://www.youtube.com/watch?v=nS5r2u61xKw
Кристиа Фриланд тогаш беше министерка за трговија а денес е министерка за надворешни работи. ЕУ сакаше да склучи договор за слободна трговска размена со Канада, но белгискиот регион Валонија не сакаше да потпише. Без валонскиот потпис не можеше да има договор.
По повеќе часови преговори Фриланд излезе пред новинарите и емотивно, со треперење во гласот, соопшти колку тешко и паѓа што договорот не може да се потпише.
Но сега е јасно дека емоциите и треперењето на Фриланд биле само добра глума, јавува канадскиот весник Глоуб Мејл.
За време на еден прием во канадската амбасада во Вашингтон Фриланд раскажувала за овој настан. Според нејзините зборови, прекинот на преговорите и нејзината емоционална реакција биле «најефикасниот начин непопустливиот партнер да почувствува вина», тврди Глоуб Мејл.
«Одлучивме дека е многу важно да не покажеме лутина пред јавноста затоа што сакавме Валонците да се почувствуваат виновни. Знаете, ние Канаѓаните сме толку генијални, толку симпатични….. и намерно употребив тажен а не лут тон во изјавата», изјавила таа.
Таа ги пренесува и реакциите на европските колеги кои и се јавувале во текот на следните 24 часа и ја молеле да не си оди, се извинувале и и велеле дека е во право.
Глумата успеа. Три дека подоцна договорот за слободна размена беше потпишан. Се разбира Валонците внесоа свои забелешки во договорот па така канадскиот премиер дојде во Брисел за да стави потпис на договорот ЦЕТА.




