Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како малата Валонија ја расплака канадската министерка

1
By Светлана Јовановска on October 21, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 21, 2016 19:09

Валонија, франкофонскиот белгиски регион, ја спречи целата Европска унија да потпише договор за соработка со Канада, ЦЕТА договор за слободна економија и трговија и предизвика солзи кај канадската министерка за трговија Кристиа Фриланд.

Таа беше дојдена во Брисел да преговара со претседателот на регионот Валонија Пол Мањет откако валонскиот парламент, пред неколку дена, се спротивстави на потпишување на овој договор. Според европските правила, ниту еден договор со трета земја не може да биде потпишан доколку една земја го отфрли. А Белгија не може да го стави својот потпис доколку нејзините три региони не ја дадат својата согласност.

eu-canada-trade

Претседателот на регионот Валонија Пол Мањет

Валонскиот парламент одлучи да го послуша гласот на граѓаните на овој регион коi преку протести ставија на знаење дека овој договор за слободна трговија не е добар за нив, нивната економија.

Оваа блокада најавува тешки и непредвидливи денови за договорот ТТИП за слободна трговија со САД. Граѓанските организации и синдикатите од повеќе земји членки на ЕУ веќе успеаа да ги натераат Вашингтон и Европската комисија да внесат промени во нацрт договорот. Протестите против ТТИП продолжуваат.

3550489

Европски протести против договорите со Канада и САД.

Неуспехот на преговорите ја расплака канадската министерка.

Во својата изјава по преговорите Фриланд со солзи изјави дека е тажна:

“Во текот на последните месеци тешко работевме заедно со Европската комисија и многу земји членки на ЕУ. Но на Канада и е јасно дека ЕУ сега не е способна да има меѓународен договор, дури ни со земја која има европски вредности, дури ни со така добра земја како Канада која има многи трпение”, рече таа со растрепен глас.

 

0000

Кристиа Фриланд, канадска министерка за трговија по неуспехот

Така, потпишувањето на договорот, предвидено за 27 октомври, нема да може да се одржи и зависи од зеленото светло на Валонија.

Притисоците врз Валонија, кои дојдоа од сите страни на ЕУ, немаа влијание врз валонскиот став. Овој мал и храбар белгиски регион бара повеќе гаранции за своите земјоделци против големите мултинационални фирми.

Валонија стравува дека со ЦЕТА договорот во земјата ќе влезат генетски модифицирана храна или говедско и пилешко со хормони но бара и јасна “клаузула за човекови права и траен развој во тендерите”.

Стриповите за Астерикс и Обеликс почнуваа со следната реченица:“Цела Галија е окупирана од Римјаните…. Цела? Не! Едно мало село на бестрашни Гали му се спротивставува на освојувачот.”

Договорот им дава право на мултинационалните фирми кои инвестираат во странска земја да поднесат тужба против една држава која води политика која не им одговара на интересите на фирмите. Според договорот, за овие спорови би биле задолжени посебни судови со 15 судии именувани од ЕУ и Канада и сите процеси би биле јавни.

Накусо, еден мал регион им се спротивстави на големите и ќе ги блокира се додека не се исполнат неговите услови.

Како во стриповите за Астерикс и Обеликс кои почнуваа со следната реченица:“Цела Галија е окупирана од Римјаните…. Цела? Не! Едно мало село на бестрашни Гали се уште му се спротивставува на освојувачот.”

Валонија. Белгија ЕУ Канада ЦЕТА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.