На запад во Москва избил пожар во бизнис-центарот „Гранд сетун плаза“, а огнот ги зафатил првите четири ката, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на извештаите од итните служби.
Пожарот ги зафатил првите четири од вкупно 10 ката во зградата, а пожарот го гасат 180 пожарникари.
На местото на настанот пристигнале и рускиот министер за вонредни состојби Александар Куренков и неговиот заменик Илја Денисов. Според прелиминарните податоци, нема жртви, а во тек е евакуацијата од зградата.
Како што пишува ТАСС, во зградата останале уште 20 луѓе. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјаник, побарал да се преземат сите неопходни мерки за евакуација на луѓето и гасење на пожарот. Од запалената зграда досега биле спасени повеќе од 120 лица.
Обвинителството во Москва отворило и истрага за пожарот, а како што за РИА новости рекол претставник на итните служби, постои можност пожарот да е подметнат, но се разгледуваат и други причини за неговото избувнување.
The Grand Setun Plaza business center in #Moscow is on fire, reports local media. pic.twitter.com/XNcLpGJs1u
— NEXTA (@nexta_tv) June 3, 2022