Илјадници луѓе се обидуваат да си заминат од Кабул, откако талибанците објавија дека ја презеле претседателската палата во Кабул, а авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата и замина за Таџикистан.
Талибанскиот претставник изјави дека тие ќе прогласат Исламски Емират на Авганистан од претседателската палата во Кабул, објавува AП.
На „Редит“ е објавено видео од сообраќајниот хаос што се создал по патиштата кон аеродромот.
Новинарката на Си -Ен -Ен во Авганистан, Клариса Ворд, објави дека владее хаос на аеродромот. Патот што води до аеродромот е целосно блокиран – илјадници луѓе се обидуваат да стасаат до аеродромот.
Според Си -Ен -Ен, американското знаме во американската амбасада во Кабул во Авганистан е спуштено, што е последниот потег при евакуацијата на вработените во амбасадата.
Американскиот амбасадор е евакуиран и стигнал до аеродромот.
Талибанците ги повикаа странските амбасади да продолжат да работат и им ветуваат сигурност.
🇦🇫 · #Afganistan situation report
17.04 Central European Summer Time