Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Инферно во близина на Атина: 50 загинати и над 100 повредени

1
By Нова ТВ on July 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 50 лица ги загубија своите животи во пожарите во источна Атика, но стравувањата се дека бројот на жртвите е поголем, бидејќи има голем број пријави за исчезнати во Противпожарната бригада, објави грчката агенција АНА МПА.

Според портпаролката на грчката противпожарна служба бројот на загинатите е 49, додека пак 156 лица се повредени, од кои 11 се во критичка состојба.

Меѓу повредените има 16 деца, но се вон животна опасност.

Во изминатите 24 часа, од 6 часот вчера, до 6 часот утрово, во Грција биле регистрирани 47 пожари. 

Како што јави МИА од Атина, портпаролката на противпожарна служба, Ставрула Малири упати апел до граѓаните да пријават доколку некој од нивните блиски е исчезнат во областите каде што беснееше пожарот.

Сите загинати се во областа помеѓу Рафина и Неа Макри, особено во Мати и Кокино Лиманаки,  во источниот дел на областа Атика. Голем број од нив биле заробени од огнената стихија во домовите или автомобилите или се обиделе да избегаат скокајќи во морето, но се удавиле.

-26 јагленисани тела се пронајдени на едно место во Аргира Акти, Мати, во близина на Неа Макри изјави градоначалникот на Рафина-Пикерми, Евангелос Бурнус за АНА МПА. Според очевидци телата се наоѓаат на 15 метри од морето и најверојатно барале спас во морето, но биле зафатени од пламените јазици.

Според информациите, бројот на повредени е засега е 150.

Меѓународна помош

Димитрис Ѕанакопулос, кусо пред 3 часот утрово, соопшти дека „Атика се соочила со многу тешка ноќ“.

До рано утрово траела акцијата за спасување на луѓето заглавени на плажите во Рафина. Со приватни чамци и бродови, со бродови од редовните линии меѓу Атина и грчките острови, со фрегата и воени бродови од Министерството за одбрана на Грција и на грчката крајбрежна служба, се спасувале граѓани по морски пат.

Според заменикот министер за поморство, Некатариос Санторињос, вкупно 639 лица  биле спасени, додека пак според министерот за одбрана на Грција, воената фрегата „Ели“, спасила72 лица.

Околу 1 часот по полноќ во Атина влегол и последниот автобус со евакуираните 621 деца од летните кампови.

Грција вчера побара меѓународна помош, преку механизмот на ЕУ, позитивно одговориле Шпанија и Кипар, а помош ќе добие и од САД, по упатеното барање од министерот за одбрана.

Грчкиот премиер ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и не учествуваше на манифестацијата во Мостар и се врати итно во Атина. Кусо пред полноќ, Алексис Ципрас го посети центарот за справување со кризи на грчката противпожарна служба, каде што со министрите од владата одржаа состанок и беше информиран за ситуацијата  и рече дека е „тешка ноќ за Грција“.

Во гаснењето на пожарите, учествувале над 600 пожарникари со над 400 возила , 7 канадери и 10 хеликоптери. Активни беа 3 жаришта, додека пак утрово, пожарот иако е ставен под контрола, се уште не е целосно изгасен.

И Македонија испраќа помош

Аднан Џаферовски, директорот на Дирекцијата за спасување, утринава изјави дека Македонија ќе испрати два авиони за гаснење на пожарите во Грција. Тој вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција.

„Од утрово сме на координативна седница, се организираме за пожарите и понудивме помош. Чекаме повретен сигнал. Од утрово се спремни два авиони за гасење пожар. Екипите се спремни. Се очекува секој момент да тргнат“, вели Џаферовски за Макфакс.

Грција го активираше европскиот механизам за цивилна заштита за да добие помош од европските партнери. Досега Шпанија, Кипар и Израел испратиле помош.

 

Атика Атина пожат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.