Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ја стави ли Трамп Шведска на второ место веднаш зад Америка?

1
By Влатко Чаловски on February 21, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Америка, Доналд Трамп изминативе денови служи за потсмев во јавноста по забелешки кои ги презентираше кои се однесуваа на наводни напади во Шведска. Но што е она што ја разбрани јавноста?

За време на својот долг говор на собир во Флорида, каде ја правдаше својата надворешна политика, односно забраната за влез во САД која ја планираше за седум претежно муслимански земји, Трамп реферираше на “теророт во Шведска“.

Шведска за време на бегалската криза инаку примаше околу 200.000 бегалци на своја територија.

И Трамп би бил во право, но само доколку информациите кои ги сподели со јавноста ги добиеше од службите или од владата на Шведска. Спротивно на тоа, гледајќи една од американските телевизии каде што се презентирал документарен филм, Трамп всушност гледал снимки од документарецот па заклучил дека токму претходната ноќ таму се случувал терористички напад организиран од мигрантите.

„Видете што се случува. Мораме да ја чуваме безбедноста на нашата земја. Видете што се случува во Германија и што се случи минатата вечер во Шведска. Земаа луѓе во голем број и сега имаат незамисливи проблеми“, рече Трамп во саботата.

По реакциите на некои политичари кои се потсмеваа со Трамп, најгласен меѓу нив беше Карл Билт кој на Твитер напиша: „Шведска? Терор? Добро, што пушел овој човек?“

Но всушност шведските сатиричари го имаа најинтересниот одговор во видео во кое заклучија дека Трамп со сигурност ја ставил Шведска на второ место веднаш зад Америка.

https://www.youtube.com/watch?v=TmJiNoAxl8k

„Драг Претседателе конечно се освестивте и драго ни е што Шведска ја ставивте на второ место. По Вашиот говор сега сме сигурни во ова. За сите луѓе кои не се информирани како вас, ова се случи во петокот навечер во Шведска: Познатиот пејач Ове Торнквист имаше технички проблеми за време на пробата за најголемиот музички концерт во Шведска, многу тажно; Имавме тешки временски услови на северниот дел и патот Е10 беше затворен. Ова е надвор од контрола; Полицијата бркаше кола за пребрзо возење во Стокхолм. Нашата полиција е силна и ја запре колата“, се вели меѓу другото во комичното видео.

Ова не е прв пат Трамп да признае дека селективно ги следи медиумите, односно дека сака да ги гледа медиумите кои речиси и не ги ставаат под лупа неговите политики. Тој призна дека се информирал од „ФоксЊуз“ кој пак го презентирал документарецот на Ами Хоровиц.

Инаку, и покрај тоа што се обиде да ги одбрани своите политики на овој собир во Флорида, забраната на Трамп, донесена на 27.јануари за луѓето од Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен падна пред федералните судови па неговата администрација прави измени за да ја стави одлуката повторно пред институциите.

Доналд Трамп потсмев терористички напад Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.