Телевизијата NHKWORLD_News прикажа снимка на која принцезата Мако ја напушта царската резиденција во главниот град Токио, се збогува со семејството, им се поклонува на родителите и ја бакнува својата помлада сестра.

Јапонската принцеза Мако денеска се омажи за својот избраник Кеи Комуро, кој нема благородничко потекло, пренесоа светските агенции.

Со тоа, таа ќе ја изгуби титулата и ќе стане обичен граѓанин. Принцезата се откажа од традиционалните гламурозни ритуали и еднократната исплата од над 1,3 милиони долари.