Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Катаклизмична експлозија во Бејрут: Над 30 мртви и 3.330 повредени и исчезнати

0
By Нова ТВ on August 4, 2020 ВЕСТИ
Фото: nbcnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 4, 2020 21:40

Најмалку 30 лица загинаа, а преку 3.300 се повредени и исчезнати во стравичната експлозија во либанскиот главен град Бејрут. Причините за катаклизмичната глетка се непознати.

Силна експлозија го затресе цел Бејрут попладнево што предизвика паника и страв во градот, но и пошироко. Според снимките што се споделуваат на социјалните мрежи, во пристаништето во престолнината на Либан најпрво се видел светол дим за неколку моменти подоцна да одекне силна експлозија што се почувствувала и во 240 километри одалечениот Кипар.

Либанскиот министер за здравство Хамад Хасан на прес-конференција пред пола час изјави дека најмалку 25 лица го загубиле животот, а преку 2.500 се повредени. Во експлозијата, според тамошните медиуми, загинал и лидерот на политичката партија Катаеб, Назар Наранијан кој во моментот на несреќата бил во својата канцелација, но набрзо им подлегнал на тешките повреди.

Експлозијата наводно се почувствувала и на места што се оддалечени и до 250 километри од Бејрут, а Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар јавува за дојави и од луѓе на Кипар.

Либанската новинаска агенција ННА пишува дека експлозијата предизвикала тешки оштетувања на претседателската палата. „Си-Ен-Ен“, пак, јавува дека најмалку 400 лица се превезени во болница. Околности и детали од стравичната експлозција не се познати. Светските медиуми пишуваат за искршени стакла на прозорци на зградите, на продавниците, а паѓале и цели балкони.

Она што засега е познато е дека експлозијата се случила на градското пристаниште во кое се наоѓале складишта со експлозивни компоненти и материјали, јави либанската новинаска агенција ННА. Друг, пак, извор наведува дека во пристанишните складишта имало хемикалии.

„Зградите се тресат“, твитна жител на Бејрут кој додаде дека сите стакла на прозорците во станот едноставно „експлодирале“

„Видов огнена топка и чад над Бејрут. Луѓето врскаа и трчаа, крвареа. Има згради што останаа без балкони“, напиша очевидец на социјалните мрежи.

експлозија Либан Пристаниште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.