Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Кирјос со перформанс на АО, го имитираше Надал како ги извлекува гаќичките

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 СПОРТ
Фото: asia.eurosport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рафаел Надал се пласира во третото коло на Австралија опен, Доминик Тим едвај го „преживеа“ Австралиецот со славно атлетско име, Болт, но белег на четвртиот натпреварувачки ден на гренслемот во Мелбурн остави Ник Кирјос. Темпераментниот домашен адут повторно „удри“ на најдобриот светски рекет во моментот, овојпат со имитација на ритуалот на Надал пред сервис – завлекување на коса зад уши, допирање нос и извлекување на гаќичките.

https://www.youtube.com/watch?v=GoP90Z9vRzE

Во вториот сет против Жил Симон, Кирјос доби опомена од главниот судија дека го пречекорил времето од 25 секунди за сервис. Австралиецот почна да негодува и ја имитираше подоготовката за сервис на Надал. Неговиот одговор на судиската забелешка наиде на смеење од трибините на теренот во Мелбурн парк, а насмевка измами и од судијата на стол.

Исмејувањето на Шпанецот не запре на перформансот на Кирјос. Го повтори и Симон во третиот сет за идентична забелешка од судијата. Кирјос на крајот славеше со 6:2, 6:4, 4:6, 7:5 и во следното коло ќе игра со Русинот Карен Хачанов. Доколку го мине и него, во осминафиналето ќе се сретне токму со Надал.

Надал, пак, немаше проблеми во второто коло. Со 6:3, 7:6, 6:1 славепе над Аргентинецот Федерико Делбонис и до судир со Кирјос го дели меч против Пабло Карењо Буста.

Опстанокот на турнирот сериозно „висеше“ за Доминик Тим. Австралискиот тенисер со славното спринтерско име, Алекс Болт беше тврд орев за петтиот носител на кој му одзема два сета, но Австриецот во четвртиот и во решавачкиот, сепак, не дозволи луксуз за конечни 6:2, 5:7, 6:7, 6:1, 6:2.

 

„Мирно“ беше и на женскиот дел од турнирот на кој продолжуваат втората носителка Каролина Плишкова од Чешка, четвртата носителка, Симона Халеп од Романија и петтата носителка, Елина Свитолина од Украина.

Австралија опен, 2 коло

МАЖИ

Надал (1., Шпанија) – Делбонис (Аргентина) 6:3, 7:6, 6:1

Медведев (4., Русија) – Мартинез (Шпанија) 7:5, 6:1, 6:3

Тим (5., Австрија) – Болт (Австралија) 6:2, 5:7, 6:7, 6:1, 6:2

А. Зверев (7., Германија) – Герасимов (Белорусија) 7:6, 6:4, 7:5

Монфис (10., Франција) – Карловиќ (Хрватска) 4:6, 7:6, 6:4, 7:5

Гофан (11., Белгија) – Арбе (Франција) 6:1, 6:4, 4:6, 1:6, 6:3

Вавринка (15., Швајцарија) – Сепи (Италија) 4:6, 7:5, 6:3, 3:6, 6:4

Хачанов (16., Русија) – Имер (Шведска) 6:2, 2:6, 6:4, 3:6, 7:6

Рублев (17., Русија) – Сугита (Јапонија) 6:2, 6:3, 7:6

Изнер (19., САД) – Табило (Чиле) 6.4, 6:3, 6:3

Кирјос (23., Австралија) – Симон (Франција) 6:2, 6:4, 4:6, 7:5

Вердаско (Шпанија) – Басилашвили (26., Грузија) 4:6, 7:6, 6:4, 6:4

Карењо Буста (27., Шпанија) – Гојовчик (Германија) 6:4, 6:1, 1:6, 6:4

Фриц (29., САД) – Андерсон (Ј. Африка) 4:6, 6:7, 7:6, 6:2, 6:2

ЖЕНИ

Ка. Плишкова (2., Чешка) – Зигмунд (Германија) 6:3, 6:3

Халеп (4., Романија) – Дарт (В. Британија) 6:2, 6:4

Свитолина (5., Украина) – Дејвис (САД) 6:2, 7:6

Бенчич (6., Швајцарија) – Остапенко (Летонија) 7:5, 7:5

Бертенс (9., Холандија) – А. Родионова (Австралија) 6:3, 7:5

Мертенс (16., Белгија) – Вотсон (В. Британија) 6:3, 6:0

Кербер (17., Германија) – Хон (Австралија) 6:3, 6:2

Векич (19., Хрватска) – Корне (Франција) 6:4, 6:2

Белис (САД) – Мухова (20., Чешка) 6:4, 6:4

Путинцева (Казахстан) – Колинс (26., САД) 6:4, 2:6, 7:5

Контавеит (28., Естонија) – Сорибес Тормо (Шпанија) 6:2, 4:6, 6:1

Пављученкова (30., Русија) – Таунсенд (САД) 7:5, 7:6

Австралија опен Ник Кирјос Рафаел надал тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.