Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Ковачевски: Со патот Извор – Гарски мост ги поврзуваме Кичево и Дебар со албанската граница за побрз економски развој

0
By НОВА ТВ Balaban on May 28, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 28, 2022 10:47

Премиерот Димитар Ковачевски вчера при посетата на Мавровскиот регион направи увид на делницата Извор – Гарски Мост, во должина од 19 километри. Со овој пат ќе се овозможи целосно подобрување во врските меѓу Кичево, Дебар и албанската граница што значи побрзо и непречено одвивање на сообраќајот во југозападниот плански регион, при што ќе се скрати времето на патување меѓу Кичево и Дебар, информираа денеска од Владата. 

Премиерот Ковачевски истакна дека овој патен правец е значајна врска со Дебар и до границата со Република Албанија.

„Патот има посебно значење за регионот, за развој на туризмот, како и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Тоа е нашиот примарен фокус. Со подобри услови во патната инфраструктура да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот.

Нема да има застој во изградбата на патиштата. Тие се од првенствена важност. Развојот на економијата е секогаш побрз со развиена патна инфраструктура.

Без разлика на кризата остануваат инвестициите во патната мрежа.

Го следиме и остваруваме планот. Од 2017 година изградивме и обновивме повеќе од 1.000 километри патишта. До сега вредноста на овие инвестиции достигна над една милијарда евра.

Посветени сме на изградба на модерна и безбедна патна инфраструктура и реконструкција на останатите патни правци во државата.

Економската криза со која се соочуваме налага уште поголем фокус и побрза реализација на капиталните инвестиции. Добро е познато дека во криза најважно е да се вложува токму во инфраструктурата, бидејќи градежништвото е мотор на економијата. Затоа како Влада сме фокусирани за уште поголема ефикасност во реализација на инфраструктурните проекти.

Инфраструктурните капитални инвестиции помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и да се зголеми квалитетот на живот на граѓаните.

Северна Македонија се гради и поврзува, се градат нови, а истовремено се обновуваат старите патишта кои со децении беа заборавени.

Остануваме посветени на реализацијата на изградба и модернизација на патната мрежа во земјата како мерки што обезбедуваат развој“, заклучи премиерот Ковачевски.

 

Извор – Гарски мост Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.