Години континуирани напори на различни актери да и наштетат на ДУИ, како и да го искористат за остварување на целите за нивните секојдневни партиски политики, напиша доцна синоќа лидерот на партијата Али Ахмети на својата фејсбук страница во рамки на што објави и видео со делови од изјави на претставници на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во зависност од тоа ДУИ со која од овие две партии коалицира/коалицирала во даден момент.
Со ова лидерот на ДУИ се чини им отвори фронт и на двете најголеми партии со кои коалицирал без малку во последните дваесет години на власт, фронт во кој претставува дека во иднина ќе применува и нова стратегија на делување.
Во објавеното видео во кое има претставници и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, кои во своите изјави го посочуваат ДУИ како „лошото момче“ во владата а објавено лично од Ахмети, се кажува дека ДУИ почнува нова стратегија.