Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Масовни протести во Шпанија, премиерот најави драстични мерки

0
By Нова ТВ on October 8, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку стотина илјади луѓе излегоа на улиците на Шпанија, барајќи единство во земјата. Според информација на организаторите, околу 950.000 луѓе присуствувале на митингот за единство. Митингот се одвива под слоганот „Доста е! Да му се ​​вратиме на здравиот разум!“

Како организатор, беше именувано здружението „Каталонско граѓанско општество“. Меѓу учесниците во демонстрацијата се и претставници на различни политички партии во Шпанија. Претходно, шпанскиот премиер Маријано Рахој рече дека каталонскиот проблем влијае на интересите на Европа како целина. На 1 октомври, во Каталонија се одржа референдум, на кој околу 90% од учесниците гласаа за независност на таа област од Шпанија.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој рече дека неговата влада нема да дозволи Каталонија да прогласи независност и да се одвои од остатокот на земјата. Рахој во интервјуто за Паис изјави дека Шпанија нема да се дели и дека единството на шпанскиот народ ќе биде зачувано.

„Мадридската влада ќе ги разгледа сите достапни правни лекови за да ја спречи Каталонија да прогласи независност“, истакна премиерот.

Рахој додаде дека Мадрид може да се повика на членот 155 од Уставот кој и дозволува на владата целосно или делумно да ја суспендира регионалната самоуправа која не ги почитува уставните обврски или ги загрозува интересите на Шпанија.

Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон, пак, соопшти дека шпанскиот регион ќе прогласи независност по минатонеделниот референдум, кој шпанската централна влада не го признава и кој шпанскиот Уставен суд го прогласи за незаконски.

Каталонските власти ги објавија конечните резултати од референдумот, според кој 90,18 отсто од гласачите прогласија независност, но излезноста беше само 43,03 отсто.

Каталонија протести референдум Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.