Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му предлага на претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба за заштита на граѓаните од коронавирусот.
„Апелирам до Пендаровски да прогласи вонредна состојба во Македонија што поскоро и да не се губи време. Да не навлегуваме во правните проблеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштето на партијата.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/656153165146093/
Тој и порача на Владата да не се грижи за ПР, туку за здравјето на граѓаните и нагласи дека веднаш по прогласување на вонредната состојба да донесе одлуки за заштита на бизнисот и компаниите.