Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Напад и одбрана на Јанева пред пратениците

2
By Нова ТВ on September 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 26, 2016 19:37

По речиси 5 часа расправа со долги монолози и неколку паузи во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, специјалната обвинителка Катица Јанева демонстративно ја напушти седницата и порача дека тоа што се случува со пратеничките прашања е класичен мобинг.

-Ова веќе е класичен мобинг, јас повеќе не си доаѓам, ќе се појавам само на пленарна седница, рече обвинителката Јанева.

Реакцијата на шефицата на СЈО следува откако пратеничката Владанка Авировиќ во маратонски говор од речиси два часа, постојано бараше Јанева да одговори за нејзината стручност, детали за финансиите и ангажирањето на експертите.

-Политичарите не веруваат во овие договори што се направени на брзина, па од тие договори произлегуваат закони од кои се формира еве и СЈО, кое требаше да ја оправда нашата волја да го формираме  за да може да ги примиме ударите од вас. Тоа не се стручни удари од ваша страна како јавен обвинител коj што треба да се дистанцира од политиката, не го признавате легитимитетот на ова Собрание, и рече Авировиќ на Јанева.

– Јас не сум Супермен, ја сум човек, а извештајот е слика за работата на СЈО. Истражувањата утврдија дека досега дека во изминативе 10 години ниту еден обвинител не го образложувал вака Извештајот, а во последните пет години никој не поднел. Драго ми е што некои институции конечно се разбудија од кома како Врховен суд, Судскиот Совет и Јавнообвинителскиот совет. Да се испита работата на овие институции и сакам да порачам, сите институции кои ја омаловажуваат работата на СЈО, во име на Уставот и законите ќе се избориме со сите опструкции и ќе се потрудиме правосудната фела да се врати во судниците и ќе почне да владее правото, рече Јанева.

Авировиќ праша дали потребата од советници е поради нестручноста на СЈО, а најде забелешка и за тоа што СЈО го употребува терминот мисија во своето работење.

Јанева одговори дека ниту еден експерт не сакал паричен надоместок.

– Правните експерти се ангажирани согласно член 15 од Законот за СЈО и ништо не е спротивно на овој закон или на другите закони. Ве информирам за ваше познавање, дека луѓето кои се ангжирани, ниту еден од нив не сака паричен надоместок напротив, јас инсистирам на тоа. Прво, за начело на доверливост, затоа што работат со доверливи материјали, а понатаму сметам дека секој треба да биде платен за својот труд.

Претходно пратениците на ДУИ, ДПА и СДСМ го обвинија претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев за нестручно раководење и побараа тој да се повлече.

-Преку 30 процедурални забелешки во текот на три дена работа, дефинитивно барем треба да се размислите. Овде работата по две сериозни точки кој што треб да се разгледуваат и на пленарна сњедница, директно вие сте виновен за лакрдеијата на оваа седница. Се обидував да ви укажам за начинот кој ја водите оваа седница. Јас ви ги разбирам мотивите, вашиот личен порив, ближат избори, веројатно се борите за место на листата, затоа што очигледно е дека надевор од политиката тешко и за леб дека ќе заработите. Јас не сум во клупите за да ги слушам вашите беседеи и говори, му порача Шилегов на Ѓорчев.

Ѓорчев, во петокот седницата ја заврши со монолог дека вмровската компонента е од 800 000 гласови во Македонија и не се губи, како и тоа дека СДСМ , ДУИ и ДПА коалицираат со Специјалното обвинителство за да се испорача двојазичност. Денеска повтори дека не отстапува од своите ставови.

Ѓорчев откако констатираше дека Јанева ја нап0уштила седницата, ја одложи расправата за утре, иако од СЈО и преку соопштение потврдија дека обвинителката нема уште еднаш да се појави на комисиска расправа.

Седницата е одложена за утре. Освен Извештајот на Јанева, точка за расправа е и Извештајот на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој никако да дојде на ред. Зврлевски и денеска беше присутен во Собрание и расправата ја следеше молчешкум.

 

 

 

 

Јанева комисиска расправа Марко Зврлевски СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.