НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) НБА приказна: Немаше за пелени, сега има милионски договор

0
By Нова ТВ on October 27, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фантастичен почеток на новата сезона имаше Леброн Џејмс. Ѕвездата на Кливленд го „почести“ Њујорк со трипл-дабл. И Кајл Ирвинг си поигруваше со одбраната на никси во премиерата, Лилард постигна 39 коша против Јута, Ентони Дејвис „броеше“ до 50 поени за Њу Орлеанс што, сепак, не ѝбеа доволни на неговата екипа за победа против Денвер.

14885856_1778235999106595_1825362804_n

Индивидуалните остварувања на сите нив стојат, факт е дека се импресивни се и ниту се први ниту последни. Меѓутоа животната приказна на нивниот колега Џонатан Симонс од Сан Антонио ги потиснува во втор план сите НБА ѕвезди по воведните средби во сезоната.

Штотуку почнатата сезона е само втора за него во најсилната кошаркарска лига во светот. Против Кари и компанија од Голден Стејт (екипа што важи за една од петте најсериозни кандидати за шампионскиот прстен) почна како резервист во екипата на Грег Попович, а заврши како јунак. Спарси ги разбија „вориорси“ со 29 поени разлика (129:100) и тоа во нивната арена. Симонс заврши со 20 коша и со неколку феноменални потези го заокружи одличниот настап како причина плус за добивање на внимание за она низ што мина во изминатиот четиригодишен период.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=Z7YfiwfgqLI

 

Тој е најголема приказна, не Леброн Џејмс

 

Кога се вели одлични потези, се мисли на „бананата“ што ја подели на Кари и, со кошаркарски сленг опишано, „постеризирање“ на Џавал Меги (термин што се користи за атрактивно забивање преку противнички играч) во финишот на средбата што е достојно како содржина за најавни ТВ шпици. И кога било кој спортист ќе излезе од сенка, логично е да почне да се „копа“ по неговото минато. Американците ископаа, а приказната со брзина на светлината беше пренесена во Европа. Кој е, што е, од каде, како е најде во елитната НБА лига, итн. Она што Симонс носи со себе е вредно за фокус.

14877755_1778235362439992_218095990_n

„Тој е најголемата кошаркарска приказна. Не Леброн Џејмс туку Џонатан Симонс“, вели Ерл Вотсон, еден од тренерите што работеа со 27 годишниот кошаркар на Сан Антонио во развојната Д-лига.

Симонс пред четири години се пријави на НБА драфтот, но и покрај тренинзите со неколку клубови, сепак, немаше среќа да биде избран. Многу негови пријатели по исти и слични неуспеси се повлекуваа од намерите и фаќаа други патишта, често криминални активности по зафрлените квартови на Хјустон од какви што потекнува и Џонатан. Разликата е што тој не се откажа од својата страст кон кошарката, својот сон да зачекори на блескавите НБА паркети и својата силна желба да успее. За себе, за трите ќеркички, за сопругата, за мирен и достоинствен живот.

 

Мајка му го тераше да биде бербер, за него кошарката беше се

 

Се што направи, преброди, истраја (може да наброју, ваме до недоглед) се само одраз на карактер. Бидејќи тешко дека некој ќе успее да мине така долг и трнлив пат препречен со мноштво предизвици и ќе влезе во соблекувалната на Грег Попович. Порасна без татко, неговата самохрана мајка ЛаТоња работеше деноноќно и се грижеше ништо да не недостасува на двата сина и двете ќерки. Кога почина неговата баба во 2006 година, Симонс беше блиску до дното. Се извлече благодарение на кошарката.

„Кошарката му го спаси животот. Смртта на баба му беше голем удар за него, но среќа тргна на добро и сè се промени најмногу поради оваа игра“, се присетува ЛаТоња.

14825746_1778235259106669_321501589_n

По неуспешното појавување на драфтот во 2012 година е најде на животна крстосница. Веќе имаше три ќерки, немаше работа, ниту план Б. Мајка му го наговараше да стане бербер што за Симонс беше дури под „Д“.

 

 

                                                        Најдобро вложените 150 долари во животот

 

Времето минуваше, Џонатан не седеше мирен и остана фокусиран на спортот чиј заштитен слоган во рекламните спотови во САД е „I love this game“. Тоа како да беше врежано и во неговата глава, па една година подоцна, по разноразни искуства во полупрофесионални клубови и лиги, реши повторно да се впушти во авантура. Изборот падна на Остин Спарс, б тим или развоен тим или филијала на Сан Антонио за кој сега настапува. За влез во кампот на „мамузите“ плати 150 долари за регистрација што е правило за секој што во годината не фигурирал на драфтот. За среќа што се вика „запали“. Се најде на списокот на 60 привилегирани за тренинг што од оваа перспектива се покажа дека 150-те долари се најдобро инвестираните пари во неговиот живот.

14872454_1778235079106687_463591619_n

Вотсон, негов тренер и ментор во Остин го препозна сиот капацитет што во себе го носи Симонс. Го носеше на ручек, му купуваше патики и останата опрема за тренинг, му позајмуваше пари за пелени за да купи пелени за ќеркичките. Џонатан немаше договор, а без договор немаше и пари. Имаше верба во себе и љубов во кошарката што го водеше до конечната цел. И го одведе.

„Ако остане во Д-лигата, ќе биде МВП“, им рекол Вотсон на луѓето во Сан Антонио кои немаа што да загубат и во јуни минатата година му понудија договор на Симонс по настапите во летната лига во која блесна со својот раскош и талент.

Доби скромни финансиски услови за НБА стандарди или 1,4 милиони долари за две сезони од кои загарантирани се 525.000 долари, сума што, секако, е повеќе од потребна и собредојдена за него и неговите најблиски.

 

Попович: Има пристап како Мано Џинобили

 

14885942_1778237935773068_1908078680_n

„Тој не стравува од никого, тој не се плаши од ништо“, е коментарот на Попович по новинарско барање на мислење за кошаркарот што заигра во 55 меча во дебитантската сезона, а оваа, уште од почеток, дава до знаење дека би можела да биде негова.

„Неговиот пристап ме потсетува на Мано Џинобили. Кај него е едноставно. Излегува на терен и се натпреварува. Поседува неверојатни физички предиспозиции и ја разбира играта. Брзо учи, добро работи и има голема шанса да остане во лигата со години“, додаде тренерот на Спарси.

Едно е факт. Симонс даде знак дека е сериозна опција. На една од најдобрите екипи во НБА лигата ѝ „заби“ 20 поени што е рекорд во неговата кариера, учинок што беше поголем од сите резервисти на Голден Стејт. Па, уште стигна да му стави „рампа“ на Стив Кари во стилот на Леброн Џејмс.

 

https://www.youtube.com/watch?v=sasRd7n0fzY

 

Грег Попович кошарка НБА лига Сан Антонио Спарс Џонатан Симонс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.