Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Видео обраќање на Шилегов: В недела изберете развој на Скопје, демократска и отворена власт

0
By НОВА ТВ Balaban on October 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

31 октомври, драги скопјанки и скопјани, е денот кога вие одлучувате каков ќе биде нашиот град следните четири години. Вие одлучувате дали заедно ќе продолжиме по патот кој јасно го зацртавме, патот на развојот, демократијата, сигурноста, стабилноста и вистинските приоритети или ќе се вратиме во времето на митови, лаги, страв, закани, криење од јавноста и злоупотреби на градот за приватни цели, порача Шилегов 

 

Актуелниот и иден градоначалникот Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 31 октомври.

„31 октомври, драги скопјанки и скопјани, е денот кога вие одлучувате каков ќе биде нашиот град следните четири години. Вие одлучувате дали заедно ќе продолжиме по патот кој јасно го зацртавме, патот на развојот, демократијата, сигурноста, стабилноста и вистинските приоритети или ќе се вратиме во времето на митови, лаги, страв, закани, криење од јавноста и злоупотреби на градот за приватни цели. Скопје за четири години доживеа целосна промена и тргна во правилна насока. Тоа е она што го нудам во следниот мандат, да го завршиме започнатото и да изградиме европски и чист град со модерен јавен транспорт и квалитетна инфраструктура. Од другата страна се понудија многу празни зборови, но уште поопасно, многу лаги. Лагите и криењето од вас граѓаните не смеат да бидат составен дел политичката култура во Скопје. Бегањето од јавноста, бегањето од дебата и криење на вистината е нешто што сите ние заедно го искоренивме во 2017 година. Криењето на вистината е страв од сопствените граѓани. За жал, тоа деновиве повторно го гледаме во режија на ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка“, вели градоначалникот Шилегов во своето обраќање.

 

„Ваквото однесување е неодговорно кон вас скопјани, но и опасно потсетува на време кое верувам дека никој не сака да се врати. Со ова тие потврдуваат дека нема никаква промена во начинот на кој сакаат да го водат градот. Во недела вие избирате помеѓу развојот на Скопје кој го започнавме заедно, отворена и демократска власт или предавање на Скопје на истите луѓе кои со децении го уништуваа и работеа само за свој личен интерес. На 31 октомври излезете и изберете силно и обединето, заедничко Скопје. Изберете напредок, изберете Скопје каде луѓето а не политиката се важни“, потенцира градоначалникот Шилегов.

 

видеопорака градоначалникот граѓаните Петре Шилегов Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.