Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Пендаровски: Не паѓајте со духот, заедно ќе издржиме против коронавирусот

0
By Нова ТВ on March 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска упати порака до македонските граѓани во врска со заштитата и справувањето со последиците од ширењето на Ковид-19. Во обраќањето, тој нагласи дека самоизолацијата е најдобрата превентива против коронавирусот и повик да се помогне на немоќните и повозрасните.

https://www.facebook.com/SPendarovski/posts/3364081553605286

„Знам дека секој ден сте преоптоварени со информации и прес-конференции за ширењето на епидемијата и потполно го разбирам вашиот страв за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Ја разбирам и вашата загриженост од лошите вести и од проширувањето на рестриктивните мерки. И јас самиот ги имам слушнато не знам веќе колку пати апелите од надлежните да останеме дома и да избегнуваме физички контакти со околината. Меѓутоа, за сето тоа има голема причина“, истакнува Пендаровски во обраќањето.

Во изминативе 20 години имаме поминато низ многу тешки работи, потенцира шефот на државата, „но, да бидам искрен, ваков смртоносен противник, досега, не сме имале“.

„Пред неколку дена за првпат воведовме вонредна состојба, а завчера, исто така, за првпат, полициски час на целата територија, каде што полицијата и армијата го контролираат влезот и излезот од сите населени места“, рече Пендаровски.

Како што истакнува, докторите и сестрите, војниците, полицајците и волонтерите се секојдневно на работа.

„Во одржувањето на стабилноста на системот огромен придонес даваат и вработените во трговијата, транспортот, услужните дејности, кои и покрај критичната состојба остануваат на своите работни места“, потенцира шефот на државата.

Пендаровски истакнува дека додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот.

„Знам дека ви е тешко, но, мораме да ги сочуваме нашите животи, и да им помогнеме на немоќните и повозрасните.Немаме друга опција во овој период освен да издржиме! Ве молам, не паѓајте со духот, сите заедно, ќе издржиме“, порачува претседателот на државата.

Коронавирус Македонија обраќање Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.