Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Петров: Договорот од Преспа отвора перспективи за младите, враќање назад нема

0
By Нова ТВ on February 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на прес-конференција укажа на можностите што Договорот од Преспа ги нуди и ги отвора за младите луѓе. Државата, рече тој, тргна по тој пат од кој нема враќање назад оти „на младите во нашата земја им е здосадено од неизвесност и политичари без јасна визија“.

„Вие младите сте најголеми поддржувачи на европската интеграција. Многу добро знаете во кој правец треба да се движи нашата земја. Сакате европска иднина дома, сакате и заслужувате стабилност и нема да дозволите враќање во минатото. Политичарите мора да го слушнат вашиот глас и сите заедно да работиме на подобра сегашност, но и посветла иднина“, рече Петров.

Тој се осврна и на, како што го оцени, разочарувачкиот став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу Договорот од Преспа и враќање на земјата во време што беше неизвесно што би ги направило неизвесни и иднината и просперитетот на младите.

„Тие продолжуваат да ги игнорираат пораките на сите стратешки партнери дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија кон НАТО и го продолжи патот кон ЕУ. Тие го игнорираат и фактот дека токму Договорот од Преспа нè придвижи напред од позицијата на 11 годишна стагнација и неизвесност во која западнавме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку и за наше членство во НАТО“, потенцира потпретседателот на СДСМ.

Таквата порака ја образложи со повисок економски раст, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, нови можности и перспективи за младите и најважно, што нагласи Петров, заштитен македонски идентитет.

Договор од Преспа Коста Петров млади СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.