Прво Европа!
Емануел Макрон сакаше да му прати сублиминална порака на Доналд Трамп со поздравувањето во НАТО.
Нема лабаво со новиот француски претседател. На ова видео можете да видите како Макрон оди кон сите шефови на држави на НАТО самитот што вчера се одржа во Брисел. Тој чекори сам по црвениот тепих и се чини дека е тргнат кон Трамп за да го поздрави.
Според протоколот, Макрон требало да и се придружи на групата лидери без да се поздравува. Но, Ману очигледно имал друга намера.
Но, во последен момент – изненадување! Ману, како што нагалено го викаат Французите, одеднаш се свртува кон Ангела Меркел, се поздравува со неа. Потоа се ракува со шефот на НАТО Јенс Столтенберг, па потоа со домаќинот, белгискиот премиер Шарл Мишел и дуриии на крајот со Трамп. Во ракувањето се гледа како Трамп го повлекува Макрон кон себе во неговиот познат стил. Но, “the French” се опира и не му дозволува на Трамп да го повлече кон себе.
Нема трошка сомнеж дека ова поздравување на Макрон е порака до Трамп: Америка не е единствена сила на светот, ЕУ е тука исто така!