Пожар на улица „Орце Николов“ во скопската населба Карпош 2, потврдија за Нова ТВ од Противпожарната бригада на Град Скопје. Според очевидци, запалено е возило во гаражните простории на зграда во непосредна близина на МИДА.
На лице место интервенираат три противпожарни возила во обид да спречат ширење на пожарот.