Околу 300 луѓе се заробени на покривот на 38-катната зграда, во фреквентниот трговски кварт во Козвеј Беј.

Најмалку четири лица се повредени при пожар во Светскиот трговски центар во Хонг Конг.

Околу 300 луѓе се заробени на покривот на 38-катната зграда, во фреквентниот трговски кварт во Козвеј Беј.

Од локалните власти пожарот е класифициран како трето ниво на инцидент, на скалата од 1 до 5.

Весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ пишува дека купувачите и гостите на ресторанот се меѓу оние кои сè уште се заробени во зградата, која функционира како комплекс на трговски центар и деловен, канцелариски простор.