Во внатрешноста на Диоклецијановата палата, во центарот на Сплит, утрово изби пожар, а густ чад се ширеше над старото градско јадро, јавува порталот далмацијаденес.хр.
На лице место веднаш пристигнаа пожарникари до најмалку четири возила и почнаа со гаснење на пожарот, објави индекс.хр.
Според неофицијални информации, пожарот избил во ресторан во внагтрешноста на Диоклецијановата палата и благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи е ставен под контрола.