Пожарот што синоќа избувна кај Стар Град на Хвар, на ‘ртот Кабал, го гасеа 50 пожарникари со 20 противпожарни возила, а утрово напомош пристигнаа и три канадери, па огнената стихија е ставена под контрола околу 11 часот.
Протипожарниот командир на Сплитско-далматинската жупанија, Иван Ковачевиќ потврди дека пожар беснеел кај ‘ртот Кабал на Хвар, западно од Стари Град. Во тој момент на локацијата интервенирале 50 пожарникари со 10 возила од Хвар.
Požar jutros aktivan na Hvaru! @N1infoZG pic.twitter.com/XLGCdlxLc4
— Tea Blažević (@blaTeabla) August 19, 2021
Ковачевиќ подоцна порача дека пожарот е ставен под контрола околу 11 часот, канадерите го напуштаат опожареното подрачје, но еден ќе остане во Сплит за секој случај.
Пожарикарите остануваат во мобилна состојба со оглед на временската прогноза која укажува на можен засилен ветар околу 13 часот.