Пред 23.309 гледачи на „Олимпико“ во Рим, репрезентацијата на Италија вечерва ја совлада Турција со 3:0 (полувреме 0:0) во воведниот натпревар од 16. Европското фудбалско првенство.
Италијанската иницијатива во првото полувреме резултира со само една сериозна шанса за гол, но турскиот чувар на мрежата Чакир Угурчан го одбрани ударот со глава на капитенот Џорџо Кјелини во 22. минута.
Доминацијата на домаќините вроди со плод набрзо по паузата, кога турскиот дефанзивец Мерих Демирал со автогол во 53. минута и донесе водство на Италија, а 13 минути подоцна Чиро Имобиле го удвои водството со својот 14-ти гол во дресот на азурите.
Конечниот резултат за убедлив старт на Италија на ЕП 2020 го постави Лоренцо Инсиње во 79. минута.
Во вториот натпревар од воведниот коло во групата А, утре ќе играат Велс и Швајцарија со почеток од 15 часот.
Вториот ден од ЕП 2020 ќе се комплетира првото коло и во групата Б, со натпреварите меѓу Данска и Финска (18 часот) и Белгија – Русија (21 часот).
https://www.youtube.com/watch?v=gwsnd3UHaRA