Борбата против ковид – мерките се претвори во инцидент за борба за микрофонот.

На вечерашниот протест против ковид – мерките пред Владата демонстрантите се раскараа меѓу себе, пренесе А1он.

Додека еден од говорниците се обраќаше пред присутните една од присутните му се доближи на бината во обид да го презеде микрофонот и да се обрати пред демонстрантите.

По ова, следуваа турканици, а жената беше отстранета од бината. По извесно време говорникот се тргна од бината, а на неа застана истата жена, која се претстави како уметник. Додека таа говореше демонстрантите и довикуваа погрдни зборови.

Извор: А1он