Четворица минувачи се повредени во Будимпешта денеска откако врз нив паднале делови од покривот и фасадата на една станбена зграда.

Во инцидентот голем број автомобили се оштетени, јавува АП.

https://twitter.com/medrivaHU/status/1541372138120105984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541372138120105984%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-se-urna-del-od-zgrada-vo-budimpeshta-chetvorica-minuvachi-povredeni%2F

Полицијата од Будимпешта соопшти дека во тек е пребарување на урнатините и на самата зграда, но засега нема индиции за евентуални жртви.

Приодот кон овој дел од градот е блокиран до завршувањето на истрагата.