Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе ги даде првите задачи на министрите и дека очекува од нив да наоѓаат решенија за сите проблеми, бидејќи не планира да биде министер за се. Освен првите задачи, на седницата ќе се бира и генерален секретар на Владата.
Ќе се распределуваат ресорите и портфолијата на министрите без ресори и ќе се поставуваат заменици претседатели на Владата, ќе се избира генерален секретар, шеф на кабинет и ќе се воспостават постојните и ад хок комисиите во Владата за да може да се постават стартните контури на Владата, најави премиерот.
Тој рече дека очекува поддршка од Собранието за продолжување на мандатот на СЈО и дека тоа ќе го сторат преку дебата.
Во врска со најавениот реизбор на сите судии Заев рече дека тоа ќе го стори по препораките на Венецијанската комисија.