Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Собраниска расправа: Дали Иванов заслужува импичмент?

1
By Нова ТВ on May 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жестока расправа во Собранието предизвика предлогот за основање на Комисија за оценување  на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Иванов.

Опозициjaта обвинува дека грубо е прекршено правото за соодветна застапеност на членовите во Комисијата за импичмент на Иванов за која минатиот петок беше изгласано апсолутно мнозинство на владејачката партија. Комисијата која ќе брои 11 членови, изгласано е да има 6 члена од ДПМНЕ, по 2 од ДУИ и СДСМ и 1 од ДПА.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, владејачката партија нема право да назначи апсолутно мнозинство во Комисијата, за која, како што тврди треба да напише извештај за грубо прекршување на Уставот. Тој обвини дека владејачката партија постои класичен страв и Иванов треба да се прикаже како херој.

-Мафијашката врхушка ве натера за импичментот на Иванов за 11 членови на Комисијата, шест ставиме од ВМРО-ДПМНЕ. Брутално го прекршивте Деловникот, таму стои соодветна застапеност на пратенички групи. Мислите дека шест луѓе ќе го спасат Иванов? Иванов не може никој да го спаси. Ова е чисто штитење, сега од шесте членови на ДПМНЕ се бара да се заштити криминалот на Владата. Што ќе пишете во извештајот, интервјуто на Иванов вчерашно? Тој безумение направи, каде цела македонска јавност и цел свет ни се чуди што човекот направи? Прекршување на Уставот има сериозно, човекот аболицираше врз член кој не постои. Вие треба да напишете извештај врз база на кој што имаме сериозни прекршувања на Уставот. За господинот Димовски не е повлечена аболицијата, класичен судир на интереси има. Не знам кој аргумент ќе го употребите за да браните нешто што не може да се одбрани, рече Сугарески.

Сугарески потсети на изјавата на Иванов дека не постои начин да ја поништи аболицијата, иако подоцна ја поништил половично.

Претседателот на Комисијата за именување Зоран Илиоски посочи дека Комисијата нема да суди или да одлучува дали претседателот ги прекршил правата, бидејќи на собрнаиска седница ќе се дискутира за тоа и ќе носи одлука, а не Комисијата.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пак во реплика рече дека единствен политичар за кој има активна аболиција е Зоран Заев, а Иницијативата за одговорност за Иванов е беспредметна.

-Единствен политичар во овој момент за кого има активна аболиција е господинот Зоран Заев за случајот „Глобал“, за ниту еден друг политичар нема активна аболиција која стопира постапка. Немојте да не ставате сите во куп, сите други политичари се деаболицирани и може да се води постапка… Одлуката на Иванов за аболиција не ја оправдавме и поддржавме, но неговата генерална политика ќе ја браниме и заштитиме врз база на довербата што сме ја добиле од граѓаните, рече Димовски.

Пратеникот од ДУИ Џеват Адеми посочи дека нивните два члена во Собранието ќе гласаат за покренување одговорност на Иванов, биејќи тие се сериозно заинтересирани Иванов да се соочи со дебатата во Собранието.

Претходно пак од ДПА порачаа дека уште еднаш треба да се разгледа соодносот во новата Комисија, со цел да се виид како ДУИ би гласала доколку нејзините глсови се одлучувачки.

Доколку пратениците ја донесат одлуката за формирање на Комисијата, таа за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот а импичмент на Иванов и да го достави до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Иницијативата за отповикување на Иванов ја потпишале пратениците од СДСМ и коалиционите партнери,16 пратеници од ДУИ, независните пратеници, Лилјана Поповска од ДОМ и Павле Трајанов од Демократски соју,. Овие потписи се доволни за иницијативата да влезе во собраниска процедура, но засега нема двотретинско мнозинство, односно 82 гласа, кое се потребни за оваа иницијатива да има позитивен епилог.

аболиција Иванов Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.