Премиерот Оливер Спасовски на својот официјален Фејсбук профил сподели спот со кој на граѓаните им се објаснува како да се грижат за своето ментално здравје за време на кризата предизвикана од коронавирусот.

Во спотот има шест препораки за граѓаните како да го направат тоа. Првата е да го ограничат времето за информирање и следење вести, втората е да имаат дневен план и распоред на активности, а третата е да се релаксираат и да негуваат позитивни чувства.

https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1543046009206350

Со четвртата препорака им се сугерира на граѓаните да практикуваат физичка активност, со петтата да се хранат здраво, а со шестата да одржуваат постојан контакт со блиските.

Истиот спот го сподели и министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.